Одобрение за патување во странство за деца до 14 години ќе се издава и во сабота

Министерство за внатрешни работи (МВР) информира дека одобренијата за патувања на деца до 14 години за странство, ќе се издаваат и во сабота, до 12 часот.

„Како и минатата година, така и оваа 2026 година поради зголемениот обем на барања кои се очекуваат во наредниот период, шалтерот во Одделението за управни работи – Скопје (во зградата на МРТВ) за издавање на „Одобрение за патување во странство за малолетни лица“ (деца до 14 години), во наредниот период од понеделник до петок ќе работи од 08 до 18 часот, а услугата ќе биде овозможена и во сабота со работно време од 08: до 12: часот, со цел да одговориме на сите барања на граѓаните,“ велат од МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести