Алијанса за Албанците се преименува во Албанска лига, Села реизбран за претседател

Крило на Алијанса за Албанците се преименува во Албанска лига, а Зијадин Села едногласно е реизбран за претседател на 5. партиски конгрес.

Села меѓу друго најави отварање на ограноци на партијата и нивно зајакнување.

„Албанската лига нема да седи со скрстени раце на овие тенденции за напаѓање на нашите права, напротив, ќе одговориме со напад. Бадентер во Уставниот суд, секој закон што ќе се изгласа со Бадентер во Парламентот ќе се одлучува и во Уставниот суд.

Само во оваа форма ќе имаме гаранција дека законите за кои за жал треба години за да се донесат, нема да ни ги соборат со една одлука во Уставниот суд. Уште поголем напредок на Бадентеровиот принцип во платформата на албанското движење со дводомен парламент,“ рече меѓу друго Села на Конгресот.

Фото: Фејсбук/Села

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести