Реконструкцијата на Владата била една од темите на Централното собрание на Вреди, која денеска ја одржа првата седница откако стана партија.
„Во таа насока беше отворена дебата за перформансите на носителите на јавни функции, со цел евентуалните промени да придонесат за поголема ефикасност, одговорност и побрза реализација на обврските преземени пред граѓаните.
Централното собрание направи и анализа на досегашната работа на Влен. Се разговараше за постигнатите резултати, предизвиците со кои се соочува партијата и приоритетите за периодот што следува, со акцент на координацијата на структурите, активностите на терен и континуираната комуникација со јавноста, велат од таму.
Фото: Фејсбук/Вреди














