Кој е Зијадин Села, кој е реизбран за претседател на Алијансата за Албанците коja се преименува во Албанска лига

Крилото од поделената Алијанса за Албанците (АА), предводено од Зијадин Села вчера се преименува во Албанска лига.

Оваа следи откако Села не успеа судски да ги добие партиските печати на АА, кои остануваат кај Арбен Таравари, кој го предводи другото крило од партијата.

Села на Петтиот партиски конгрес беше реизбран за претседател на АА, односно Албанска лига.

За него гласаа сите присутни делегати – 713.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алијанса за Албанците се преименува во Албанска лига, Села реизбран за претседател

Села и Таравари се разидоа во 2024 година.

Кој е Села

Села е роден во 1972 година во струшкото село Ливада.

По професија е лекар, специјалист интернист.

Завршил Медицински факултет на Универзитетот во Тирана, Албанија.

Средно училиште пак завршил во Приштина, Косово, природно-математичка насока.

Зборува и англиски и италијански јазик. 

Работно искуство и политичка кариера

Работната кариера ја започнал во 1999 година, како специјализант работејќи во Меѓународниот црвен крст.

Во периодот од 2000 до 2004 година работел во Поликлиниката во селото Велешта како доктор.

Од 2004 до 2006 година работи во Медицинскиот центар – Брза помош во Струга.

Во периодот од 2006 до 2008 година е директор на Државен санитарен и здравствен инспекторат, при Министерството за здравсто, а набргу потоа спецјализирал за интерна медицина.

Од 2009 до 2011 година е претседател на огранокот во Струга на Демократската партија на Албанците (ДПА) и за првпат станува пратеник во македонското Собрание, функција која ја врши до 2013 година, како кадар на ДПА.

На локалните избори во 2013 година е избран за градоначалник на Општина Струга.

Пратеник станува и по 2016 година, но овојпат како лидер на АА, која ја основа една година порано.

Потоа беше пратеник и по третпат.

Приватно

Татко е на две деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Зијадин Села, кој е реизбран за претседател на Алијанса за Албанците, која се преименува во Албанска лига

Фото: Села/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести