Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 13.12.2025 година во 21:29 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје е пријавено дека во круг на фабрика на подрачјето на скопска Гази Баба настанал пожар на два магацини, сопственост на М.Р. (46), кои ги изнајмил на други лица.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.
-Денеска за време на вршење на увидот, во еден од објектите, кој под наем го користи М.А. од Скопје, пронајдено е опожарено тело на машко лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Фото: Унсплеш













