По смртта на градоначалникот Јовица Илиевски, во Општина Брвеница ќе има вонредни локални избори.
Владата на денешната седница донела одлука за престанок на неговиот мандат, информираа од таму.
Министерството за локална самоуправа, по претходно добиено известување од претседателот на Советот на Општината, ја започнало постапката поради настапување на законски предвидена околност што доведува до предвремен престанок на мандатот на градоначалникот по сила на закон.
Согласно Законот за локалната самоуправа, Министерството е должно во рок од 15 дена од приемот на известувањето да ја информира Владата за настапувањето на овој законски основ, по што Владата, во рок од 30 дена, ја започнува постапката за распишување на нови избори за градоначалник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој беше Јовица Илиевски, градоначалникот на Општина Брвеница
Фото: Мицкоски/Фејсбук














