На повторените избори за градоначалник, кои се одржаа вчера, во Општината Маврово и Ростуше, победи кандидатот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и нејзината коалиција, Онер Јакупоски.
Во Општина Врапчиште нов мандат доби кандидатот на коалицијата Национална алијанса за интеграција на ДУИ, Исен Шабани.
Во Општина Центар Жупа пак за градоначалник е избран Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците. Тоj беше единствен кандидат, а доби подршка од ВМРО-ДПМНЕ. Оваа е негов четврти последователен мандат.
Во овие три општини и во Општина Гостивар се повторија изборите за градоначалник, бидејќи во првиот круг од локалните избори немаше излезност од 33,33%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Валбон Лимани победи на повторените избори за градоначалник во Гостивар
Денеска повторени избори за градоначалници на Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа
Фото: Игор Бансколиев












