Македонија и официјално ги започнува преговорите за укинувањето на роамингот со земјите на Европската унија (ЕУ).
Имено Европскиот совет соопшти дека го одобрил почетокот на преговорите за неговото укинување со земјава, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија.
Моделот познат како „роаминг како дома“, ќе им овозможи на граѓаните од Македонија да остваруваат телефонски повици, да испраќаат пораки и да користат мобилен интернет додека патуваат во ЕУ без да плаќаат дополнителни трошоци за роаминг, под истите услови како и дома.
Преговорите ќе се водат со секоја земја посебно, а за таа цел земјите ќе треба да спроведат законски измени и целосно да се усогласат со европското законодавство во областа на телекомуникациите.
Фото: Унсплеш













