Македонија е земја која често се споменува како голем извозник на квалитетен и образован кадар за земјите од Западна Европа и Северна Америка, поради што огромен број млади веќе по завршувањето на образованието размислуваат како да најдат работа во странство и да ја напуштат земјата.
Во последните години, се отворија повеќе компании кои нудат аутсорсинг на домашен кадар за странските пазари, а притоа им отвораат шанси на заинтересираните македонски професионалци да работат за големи глобални компании и проекти. Една од нив е Пантелеон ГС, компанија која започна со работа во 2020 година и оттогаш бележи постојан раст на бројот на вработени и клиенти.
Кога во 2020 година започна како стартап компанија, Пантелеон ГС го одбра патот на квалитетна работа и обучување на способен кадар, со цел постојан раст и задоволување на високите барања на високопрофилните клиенти.
Стратешката определба на компанијата да привлече и да вработи амбициозни млади професионалци се покажува како успешна одлука за сите страни, бидејќи а) тие добиваат квалитетен кадар; 2) создаваат повеќе работни места, што резултира во повеќе можности за домашните професионалци; 3) клиентите добиваат квалитетен и обучен кадар.
Токму во овој поглед, Пантелеон ГС се разликува од повеќето компании на нашиот пазар. Наместо да им нуди на младите потенцијални вработени само шанса за преселба и работа во странство, Пантелеон ГС создава тим кој работи локално и придонесува кон локалната економија, а притоа добива можност да се надградува во текот на самата работа и да стекне значајни квалификации и искуство од работа со некои од најдобрите компании во индустријата.
Специфичната гранка на Пантелеон ГС ѝ овозможува да нуди аутсорсинг услуги каде се нудат само умствените капацитети и компаниските пракси, на тој начин задржувајќи ги вработените во рамки на Македонија, со што и директно придонесува кон домашната економија.
Дополнително, искуството кое овие луѓе го стекнуваат при работата со странски професионалци е непроценливо, бидејќи отвора нов свет на знаења кои се едноставно различни од она што го знаеме и можат да бидат од корист во идните професионални ангажмани.
Компанијата се придржува кон мотото „Нашите луѓе се нашиот бренд“, кое ја потенцира заложбата на компанијата да биде работно место во кое вработените ќе бидат задоволни, успешни, ќе напредуваат и ќе уживаат во работата. Така, Пантелеон ГС не само што обезбедува нови и модерни физички простории за работа, низа на лични бенефити и услуги, туку се залага и финансиските пакети кои ги нуди да бидат компетитиви, па дури и натпросечни во поглед на индустријата.
„Се залагаме за отворена комуникација на сите нивоа во компанијата, преку политика на отворени врати, што на секој вработен му овозможува директен и непречен пристап до членовите на врвниот менаџмент на дневно ниво. Ова сметаме дека е особено важно за градење на квалитетна комуникација внатре во компанијата и одржување на долготрајни релации“, вели Влатко Палчевски, административен директор на Пантелеон ГС.
Често се соочуваме со дилеми околу работните можности достапни на домашниот пазар на труд, особено во поглед на перспективата и финансиската сигурност. Пантелеон ГС е една од ретките компании кои на македонска територија им овозможуваат на амбициозни професионалци да го пронајдат „својот повик“ и да се одлучат за panteleongs.mk работејќи со финансиски компании за факторинг, лизинг, осигурување и финансирање, брокерска компанија, мрежа за продажба на возила, компанија за регрутација, маркетинг и многу други, со конкурентни и натпросечни финансиски примања.
Намерата и целта на Пантелеон ГС е да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности кои ќе бидат трајни и да ја приближи Македонија кон најразвиените светски пазари.
ПР-објава