Пелистерка со зголемена добивка во првиот квартал

Пелистерка АД Скопје во првите три месеци од годинава остварила вкупна сеопфатна добивка од 8.379 илјади денари, која е поголема од остварената во истиот период лани, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

Лани добивката на Друштвото беше 5.644 илјади денари.

Оперативните приходи изнесуваат 97.390 илјади денари и истите бележат раст. Лани биле 77.309 илјади денари.

Оперативните расходи биле 74.983 илјади денари и истите се намалени. Лани биле 68.854 илјади денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пелистерка лани со зголемена добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести