Петта жртва од западнонилска треска: Почина 73-годишен пациент од Скопје

73-годишен пациент со западнонилска треска е петта жртва на вирусот, информираше директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана.

Пациентот бил од Ново Лисиче и од денот на приемот бил со тешка клиничка слика и многу сериозни придружни заболувања кои придонеле за неповолен исход.

„Пациентот беше 22 дена на Клиниката и од почетокот на приемот беше во многу тешка состојба. Беше сместен во Одделот за интензивно лекување и ставен на респираторна поддршка,“ истакна Цана.

Според директорот на Клиниката за инфективни болести, скоро секој ден по некој се хоспитализира и бројката е околу 20 до 21.

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести