Пијана 38-годишна жена удрила во три паркирани автомобили во Куманово, па во жардињера, по што возилото се превртело

Пијана 38-годишна жена удрила во три паркирани автомобили во Куманово, па во жардињера, по што возилото се превртело, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„На 24.08.2025 околу 17:55 часот во СВР Куманово било пријавено дека 38-годишната Л.Г. од Куманово, управувајќи патничко возило „сеат алтеа“ со кумановски регистарски ознаки изгубила контрола над возилото и на Плоштад „Нова Југославија“ во Куманово, на обележана такси постојка, удрила во паркирани патнички возила „сеат алтеа“ со кумановски регистарски ознаки, паркирано од Б.Д.(50) од село Ваксинце, општина Липково и патничко возило „шкода“ паркирано од Г.Л. (47) од село Жељувино, општина Старо Нагоричане

Продолжила со движење и на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово удрила во патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.П. (19) од Куманово, потоа во жардињера, по што возилото се превртело,“ велат од МВР. 

Причинета е само материјална штета, а по извршениот увид било констатирано дека го управувала возилото под дејство на алкохол, односно и биле измерени 1,32 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести