Побаран краткотраен притвор за 4 лица, во врска со пожарот во Трубарево

Поради основано сомнение дека со заеднички дејствија учествувале во извршување на кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 4 лица за кои од судија на претходна постапка вечерва ќе побара определување мерка краткотраен 48-часовен притвор за обезбедување докази.

„Нивните конкретни дејствија се испитуваат, но станува збор за 56-годишен управител и сопственик на 2 правни лица, 22-годишна управителка на трето правно лице, 42-годишник во својство раководител на подружница и еден 59-годишник вработен во правно лице. Се испитува потенцијална одговорност и на други лица.

Во текот на денот, јавниот обвинител издаде повеќе наредби за обезбедување докази по кои се уште постапуваат надлежните органи, а се очекуваат и резултатите од извршените мерења на загадувањето од Министерството за животна средина,“ велат од Обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема зголемена радијација, ќе се испитуваат водата и почвата во близина на пожарот во Трубарево, велат од ИЈЗ

Училиштата околу Трубарево, ќе одржуваат настава онлајн

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести