Почина новинарката Гордана Дувњак

На 61 годишна возраст по долго боледување почина новинарката и поранешната уредничка во повеќе медиуми, Гордана Дувњак.

Покриваше теми од областа на правото и политиката, а важеше за една од најреномираните професионалци во новинарството.

Кариерата ја започна во 1988 година во Македонската радио телевизија, работеше и во весникот Нова Македонија, беше уредник во весникот Утрински весник, па во порталот Макфакс работеше како новинар, во телевизијата 1ТВ беше новинар и уредник, а работеше и во весникот Фокус.

Потоа извесно време беше портпарол во Судскиот совет.

Дипломирала на Факултетот за новинарство при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Погребот ќе се одржи утре од 11 часот на гробиштата Бутел во Скопје.

Фото: 1ТВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести