На 67-годишна возраст денеска почина Панчо Минов, поранешниот градоначалник на Општина Кавадарци во два мандати и пратеник во два наврати во македонското Собрание.
Градоначалник на Општина Кавадарци беше во периодот од 2000 до 2009 година, а пратеник од 1990 до 1998 година и од 2016 до 2024 година.
Минов е роден во 1958 година во Кавадарци, а дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград, како и на Правниот факултет во Скопје.
Фото: ТВ 24