За денар ипол од вечерва на полноќ поевтинуваат бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство (масло за греење), а дизелот за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 74 денари за литар, а на Еуросупер БС-98, 76 денари за литар.
Екстра лесното масло за домаќинство пак ќе се продава за 68 денари за литар, а дизелот за 68,50 денари за литар.
Се намалува и цената на мазутот за 0,931 денари, кој сега ќе се продава за 36,660 денари за килограм.
Фото: Унсплеш