еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Помош во усовршување на младите: Одржана Nescafe 3in1 start smart talk дискусија

На Филозофскиот факултет во Скопје се одржа панел дискусија за односот на дигитализацијата и социјализацијата, NESCAFÉ 3in1Start Smart Talk, со која е најавен и почетокот на кампањата NESCAFÉ 3in1 „Start smart”, во тек на која компанијата Nestlé ќе собира средства за опремување на библиотеката на овој факултет.

Експерти, претставници на компанијата и студенти во оваа прилика разговараа на теми како менувањето на процесот на социјализација во дигиталното време, за добрите и лошите страни на дигитализацијата, но и за потребите на вложување на приватниот сектор во поддршка на образованието.

Во рамки на NESCAFÉ 3in1 „Start smart” кампањата, ќе се одвојуваат средства од продажбата на секој NESCAFÉ 3in1 и NESCAFÉ 2in1 производ за унапредување на условите за учење во библиотеката на Филозофскиот факултет.

„Дигитализацијата можеби промени бројни процеси, но општествената одговорност остана извонредно важна, ако не и се попотребна во забрзаниот начин на живот.

Кога приватниот сектор се ангажира да помогне во напредокот на науката, која ја дефинира наѓата иднина и генерациите кои доаѓаат, тоа е знак дека некој се грижи за образованието кое ги обликува идните лидери.

Ние ја поздравуваме секоја таква акција“, истакна проф. др Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет во Скопје.

Панелистите споделија искуства за влијанието на дигитализацијата во секојдневното работење и функционирање, но разменија и впечатоци за тоа како се промениле дружењето и личните односи во дигиталната ера.

Тие се согласија дека современите библиотеки и образовни установи мораат да бидат во согласност со новите технологии – како што истакнаа студентите, овие институции имаат голема улога во обезбедување на пристап до информации потребен за сите видови истражување.

Марија Дракулевска Чукалевска, раководител на Институтот за социологија на Филозофскиот факултет, истакна дека младите имаат нов начин на дружење, но дека активната социјализација и натаму е актуелна.

„Кога зборуваме за нови технологии во образованието, нив треба да ги искористиме како канал за пренос на образовни елементи“, вели проф др Дракулевска Чукалевска, додавајќи дека кон тоа помагаат и акциите како оваа на NESCAFÉ 3in1 „Start smart”.

Регионалната сениор бренд менаџерка на NESCAFÉ, Ивана Лес, нагласи дека приватниот сектор треба да помогне на младите луѓе кои се во потрага на вештини и едукација, а дека еден од начините за тоа е подобрување на условите во релевантните институции:

„Вложуваме големи напори да помогнеме во развојот на студентите во целиот регион.

На овој начин, со подобрување на условите во установите, со донирање на опрема која на студентите им е потребна за усоврѓување, се трудиме да дадеме придонес како кон нивниот професионален развој, така и во дружењето и опуштањето, кое исто така е важно“, истакна Лес за време на панел дискусијата. Додаде дека Nestlé како меѓународна компанија има одговорност да помогне на младите да им се обезбеди адекватно образование.

NESCAFÉ 3in1 „Start smart” кампањата трае од 25.02.2019г до 31.03.2019г. по што ќе биде извршена донација на новата опрема, маси, столови, компјутери и прожектор за библиотеката на Филозофскиот факултет.

Минатата година, од одвоените средства од продажбата на производи, на сличен начин е опремен мултимедијален дел во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова ски-патека во Маврово, награда за „кумот“ кој ќе предложи име на патеката

Редакција

Климатските промени разгореа дискусија меѓу младите на „Џифони Македонија“

Редакција

(Галерија) НЛБ Банка ја прослави десетата награда „The Banker“

Редакција