Познат е идентитетот на 43-годишниот маж, кој утринава беше убиен пред казино во Кавадарци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
43-годишен маж убиен во тепачка пред казино во Кавадарци
Се работи за П.Т. од Кавадарци, а како што информираа од ОВР Кавадарци, тој бил убиен на заден влез од казино кое се наоѓа на улицата „Никола Минчев“.
Тој бил нападнат од неколку лица по што паднал на земја. И покрај укажаната помош, Итната медицинска помош која дошла на местото на настанот, само констатирала смрт.
Случајот би пријавен во о 04:56 часот, а Итната медицинска помош констатирала смрт во 05:15 часот.
Поради сомнение за инволвираност во настанот, набргу потоа биле уапсени три лица: Д.Б. (26), М.Ѓ. (35) и Д.С. (27). Сите се од Кавадарци и се задржани во полициската станица.
Фото: Унсплеш