Владата го усвои Предлог-законот за заштита од пушење

Владата вчера го усвои Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи.

Сега истиот треба да биде испратен во македонското Собрание на гласање.

Една од новините предвидува влезот во угостителскиот објект да биде одвоен од просторот каде што се пуши, односно непушачите да можат да влезат во локал без да минуваат низ пушачкиот дел, односно без првиот контакт со објектот да биде низ чад.

Останува и можноста да се пуши на тераси со две отворени страни, како и во случаи кога третата страна е кров што може да се отвори.

За угостителите е предвиден преоден период од 12 месеци за адаптација и пренамена на терасите и другите простори во согласност со новите законски правила.

Истовремено, се воведуваат и построги контроли и санкции за непочитување на законските одредби.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести