Сиљановска Давкова помилува осум осуденици по повод Илинден

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, вчера по повод празникот Илинден, помилува осум осуденици.

Четири лица со одлуката се целосно ослободени од понатамошно издржување на затворската казна: Раде Здравко Јовановиќ од селото Криволак, Општина Неготино, Алберт Тарзан Алиевски од Кавадарци, Николче Љубе Костадиновски од Куманово и Зејадин Сали Мифтари од селото Черкезе.

Четворица пак добија делумно помилување, односно намалување на затворската казна: Емир Надир Јонузи од селото Слатино, Тетово, за три месеци, Коле Петре Талевски од Битола за три месеци, Чушков Јордан Сашо од Велес за три месеци и Исмаили Џелал Јетмире од Гостивар за за шест месеци.

Одлуката стапува на сила кога ќе биде објавена во Службен весник.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести