Пуштени нови 17 километри од автопатот Кичево-Охрид

Денеска е пуштена во употреба нова делница од автопатот А2, Кичево – Охрид, дел од Коридорот 8, со вкупна должина од 17 километри од Климештани до Охрид.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски информираше дека автопатот е со вкупна широчина од 26,50 метри, а во оваа фаза завршени се градежните работи на два сегмента од автопатот А2 Кичево – Охрид.

„Во текот на изградбата се изведоа еден мост, неколку потпорни ѕидови, повеќе патни јазли, надпатници, подпатници и пристапни патишта – со што делницата доби современ изглед и сите елементи на модерен автопат.

Најголемата придобивка од пуштањето на оваа делница ќе почувствуваат жителите на Охрид и регионот, туристичките работници и бизнис-заедницата,“ рече Трајановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Како изгледаат првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, на потегот од Врбјани до Ботун

(Фото) Пуштен дел од автопатот кон Охрид, делницата Пресека-Песочани

(Видео) Како изгледа моментално автопатот Охрид-Кичево

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести