Во првите два месеци раст на извозот за 2.56%, а на увозот за 2.61%

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – февруари 2026 година, изнесува 77.585.3 милиони денари и бележи пораст од 2.56 % во однос на истиот период од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – февруари 2026 година, изнесува 115.860.8 милиони денари, што е за 2.61 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени: платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и електричната енергија.

Во периодот јануари – февруари 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 49.9 % во вкупниот обем на размената.

Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 57.8 % во вкупната размена.

Фото: еМагазин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести