Владата на седница го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, во кој се имплементираа усвоените амандмани, по расправата во собраниската Комисија за финансирање и буџет.
Предложените измени ќе биде доставен во Собранието на усвојување.
Со измените се обезбедени дополнителни средства за жените коишто вршат земјоделска дејност, средства за воспоставување национална СОС линија за поддршка на жртвите на родово и семејно насилство, како и средства за отворање и ставање во функција на два згрижувачки центри за жртви на семејно и родово базирано насилство.
Со ребалансот на Буџетот вкупните приходи се планирани на ниво од 379,5 милијарди денари.
Вкупните расходи се проектирани на ниво од 425,8 милијарди денари.
Со ребалансот се обезбедени дополнителни средства за земјоделските субвенции, повеќе средства за субвенциите во железничкиот сообраќај, поддршката на спортот, како и за студентскиот и ученичкиот стандард.
Oбезбедена е и дополнителна поддршка за најранливите категории граѓани преку средства за социјални надоместоци, за заштитни друштва, народни кујни и мерки за деинституционализација, како и дополнителни средства за здравствена заштита.
Со ребалансот се обезбедуваат дополнителни средства за капитални инвестиции и се на ниво од околу 46 милијарди денари, што е зголемување за 14,5% во однос на иницијалниот Буџет. Истовремено се намалуваат расходите за стоки и услуги.
Со Ребалансот буџетскиот дефицит е проектиран на ниво 46,3 милијарди денари или 4,1% од бруто-домашниот производ (БДП).
Економскиот раст е проектиран на ниво од 3,5%.














