Просечната нето-плата во мај 49.544 денари

Државниот завод за статистикаа соопшти дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесувала 49.544 денари, а во однос на мај лани истата е повисока за 8,2 проценти.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 11,9 проценти, Уметност, забава и рекреација за 11,3 проценти и Транспорт и складирање за 10,9 проценти.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 6,3 проценти, Рударство и вадење камен за 5,8 проценти и Транспорт и складирање за 5,7 проценти.

Во мај 2026 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесувала 74.482 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести