Откако денеска од Основниот кривичен суд Скопје информираа дека на 19. ноември стартува судењето за трагедијата во Кочани, каде во т.н. дискотека „Пулс“ настрадаа 63 лица, а 202 беа повредени, родителите на загинатите и нивните семејства ги ставија во мирување секојдневните блокади во градот, но ќе ги продолжат секоја сабота со „Маршот за ангелите“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судењето за трагедијата во Кочани почнува на 19. ноември во Идризово
„Бидејќи добивме датуми за рочишта, ве известуваме дека секојдневните блокади ќе бидат привремено прекинати, но со маршевите продолжуваме секоја сабота – како симбол на нашата упорност и борба за вистината“, информираат тие преку соопштение, во кое посочуваат и дека со големо внимание ќе го следат судскиот процес, кој очекуваат да биде фер, транспарентен и непристрасен и во кој секој што е виновен за трагедијата ќе ја понесе својата одговорност.
Посочуваат дека не станува збор само за судење за пожар, туку дека ова е судењее за човечноста, совеста и одговорноста.
„Нашата болка е вечна, но нашата борба е и за сите идни генерации – никогаш повеќе да не се повтори ваква трагедија. Бараме јавноста, медиумите и институциите да го следат овој процес со должно внимание, бидејќи ова не е само судење за еден пожар – ова е судење за човечноста, совеста и одговорноста“, велат тие.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е судијката Диана Груевска Илиевска која ќе го суди предметот за пожарот во Кочани
Панчо и Андреј повторно се заедно горе, во пожарот во Кочани загинаа девет членови на ДНК
Фото: Игор Бансколиев