Податоците од Извештајот од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности за периодот од април до јуни годинава покажуваат дека најскапо продадениот стан за тој период во Македонија е во скопски Центар.
Тој е продаден за 206.640 денари или 3.360 евра за метар квадратен. Истиот бил 50 метри квадратни и бил продаден за 168.000 евра.
Од стари станови, пак најголема цена е постигната за стан во Охрид. Истиот се продал за 197.408 денари или 3.200 евра за метар квадратен. Истиот е 66 метри квадратни и бил продаден за 211.200 евра.
Вкупната вредност на пазарот на недвижности во овој период изнесува 351,7 милиони евра, што е раст од 27,3% во споредба со претходниот квартал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како се движи цената на квадрат за станови во Скопје
Цената на становите во Охрид пораснала за 27%
Цената на метар квадратен во Штип стигна до 1.380 евра














