САД воведе санкции за „Роснефт“ и „Лукоил“, Трамп ја откажа средбата со Путин, рускиот претседател нареди вежби на нуклеарните сили

По подолг период САД воведе санкции за Русија за да изврши притисок земјата да ја заврши војната во Украина. Истите се однесуваат на руските нафтени компании „Роснефт“ и „Лукоил“.

Истовремено американскиот претседател Доналд Трамп ја откажа средбата со неговиот руски колега Владимир Путин, за која ниту имаше конкретен датум, а се најавуваше дека ќе се случи во Будимпешта, САД.

Трамп, остави простор за средба во иднина, а во образложението за откажувањето меѓудругото рече дека секогаш кога зборува со Путин имал добар разговор, но истиот не водел никаде и дека не се согласувал со неговиот предлог борбите да запрат на сегашната линија на фронтот.

По откажувањето на средбата и воведувањето на американските санкции, Путин нареди вежби на стратешките нуклеарни сили на земјата, кои вклучуваат и лансирање проектили.

Кремљ соопшти дека вежбите ги опфаќаат сите делови од нуклеарната тријада на Москва, па од полигонот во Плесецк во северозападна Русија била лансирана интерконтинентална балистичка ракета „јарс“, а од подморница во Баренцовото Море била испукана интерконтинентална балистичка ракета „синева“.

Во вежбите учествуваат и стратешки бомбардери „ту-95“, кои истрелале крстосувачки ракети со долг дострел.

Нов, 19. пакет акции за Русија одобри и Европската унија.

Фото: Руско Министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести