еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Саемот на книга го посетија 23.800 посетители

Вчера заврши 34. издание на Саемот на книга кој за прв пат по две години се врати во својот редовен пролетен термин.

Саемот на книга ја надмина вообичаената посета од страна на читателите и се враќа во сопствениот сјај. Заклучно со вчерашниот, последен ден, саемот го посетија 23.800 посетители.

„Сме организирале многу саеми, големи, гламурозни, технолошки напредни… но токму овој Саем, Саемот на книгата остана да нè вреднува налик на Хамлетовото „да се биде или не?“ Не нѝ беше тешко да ја преместуваме манифестацијата, да ја организираме под маски, со сертификати, без сертификати.., но во овие времиња не е важна формата конечно.

Ќе дојде време ќе посветиме внимание и на формата, но најважно беше манифестацијата да опстои! Со книга докажавме дека може да ги победиме сите премрежија,“ изјави Даниела Глигоровска, извршен директор на Глобал Медиа Гроуп.

На саемот се претставија над 60 издавачки куќи од Македонија, Турција, Србија, Косово и Албанија, а значајно претставување имаше и Министерството за култура и туризам на Република Турција.

За време на саемот се доделија наградите во организација на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) и се организираа над 30 промоции во промотивниот центар.

Саемот на книга се организираше под покровителство на Министерството за култура на Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројни поволности од НЛБ Банка за кредитите за физички лица во следниве два месеци

Редакција

Битолска млекара ја завршува годината со едукација на своите фармери

Редакција

Отворени денови на ММ Publications на штандот на „Арс студио“ на Саем на книга 2019

Редакција