Од вечерва на полноќ цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Со новата одлука цената на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 70 денари за литар, а на Еуросупер БС-98, 72 денари за литар.
Цената на Еуродизелот БС (Д-Е V) не се менува и тој и понатаму ќе се продава за 64,5 денари за литар.
Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за два денари, и сега ќе изнесува 63,5 денари за литар.
За 0,028 денари се намалува и цената на Мазутот М-1 НС и таа сега ќе изнесува 32,607 денари за килограм.
Фото: Унсплеш














