Од вечерва на полноќ за половина денар се намалуваат цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Еуродизелот (Д-ЕV), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Со новата одлука цената на Еуросупер БС-95 ќе биде 70 денари за литар, на Еуросупер БС-98, 72 денари, а на дизелот, 64,50 денари за литар.
Цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менува, и тоа понатаму ќе се продава за 64 денари за литар.
Цената на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,848 денари и сега ќе се продава за 32,801 денари за килограм.
Фото: Унсплеш














