Во посета на Македонија денеска е генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
Ќе го прими претседателката Гордана Силјановска Давкова, а според најавите двајцата по средбата ќе имаат заедничка прес-конференција.
Руте ќе ја посети и македонската Армија.
Поради неговата посета во Скопје ќе има посебен сообраќајаен режим.
Оваа е втора посета на Руте на Македонија. За првпат дојде во земјава кога беше премиер на Холандија.
Фото: Влада














