еМагазин
Image default
Бизнис

Штипски „Исар“ со блокирана сметка

Сметката на Јавното претпријатие „Исар“ е блокирана, а 16 милиони денари треба да се подмират само кон еден добавувач. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека ова се должи на недомаќинско работење на претходното раководство на претпријатието, но и на неподмирувањето на долговите 20 години.

Тој најави дека веќе е закажана вонредна седница на Советот на Општина Штип на која ќе се направи ребаланс на Буџетот и ќе се пренаменат средства за долгот на претпријатието. Од што ќе се откаже општината, односно од која ставка ќе се пренаменат пари ќе се знае дополнително. Додава дека промени ќе има и во бројот на вработени во претпријатието.

-Сакам да презентирам решение на проблемите, а тоа е дека мора да се направи замрзнување на новите вработувања во ЈП „Исар“, да се направи преструктуирање, да се намали бројот на членови на управни одбори, да се намали бројот на превработена администрација. Веќе сме подготвени да направиме нова систематизација, вели Јорданов.

Над 120 вработени ќе останат без работа, на местото на пензионираните вработени нема да се бара замена, на терен можеби ќе се почувствува на квалитет и квантитет, но од ЈП „Исар“ бараат разбирање од страна на граѓаните, оти ликвидноста на претпријатието мора да се врати.

-Во ЈП Исар работат 325 вработени, ама поголем дел од нив се непродуктивни. Истите преставуваат само финансиска обврска на претпријатието. За една година наша стартешка цел е ЈП Исар да не брои повеќе од 250 вработени, вели Кирил Зајков, директор на ЈП „Исар“ – Штип.

Моментално ЈП „Исар“ има вкупен долг од 107 милини денари. Јорданов ги повика надлежните институции да излезат на терен и да реагираат, како и да се понесе одговорност за ваквтаа ситуација, во која денеска се наоѓа претпријатието. Уверува дека и покрај ребалансот на Буџетот граѓаните во Штип нема да почувствуваат и на терен ќе се работи како и во изминатиот период.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со 250 милиони денари во интервентниот фонд ќе им се помага на земјоделците

Редакција

„Роби“ и понатаму ги гази „Македонски Телеком“ и „А1“ во бројот на претплатници на две услуги

Редакција

Ден по референдумот: Фондот за здравство вработува десет лица

Редакција