Новиот рок за завршување на автопатските делници Тетово-Гостивар и Гостивар- Букојчни од Коридорот 8 е декември 2029 години, информираше денеска министерот за транспорт Александар Николоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од делницата Тетово-Гостивар се завршени 8,4% од предвидените работи. На оваа делница се работи на 14 од предвидените 17,5 километри.
Од делницата Гостивар- Букојчни пак се завршени 60% од предвидените работи, а се работи на 11 од предвидените 31 километар.





На делницата Гостивар–Букојчани активно се работи на земјени работи, изградба на мостови, потпорни конструкции и инфраструктурни објекти, а дел од веќе изградените објекти се во завршна фаза.
На делницата Тетово–Гостивар пак продолжуваат активностите за расчистување на трасата, дислокација на инсталации и изградба на паралелниот пат и дренажната инфраструктура.
Истите ги гради турско-американскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.
Фото: Влада














