За две години продолжен рокот за завршување на автопатските делници Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчни

За две години е продолжен рокот за завршување на автопатските делници Тетово-Гостивар и Гостивар- Букојчни од Коридорот 8.

Сега новиот рок е декември 2029 години, информираше денеска министерот за транспорт Александар Николоски.

Причината за продолжување на рокот според Николоски е тоа што имало застој од две години, бидејќи претходната влада не направила ништо, а во ноември лани надзорниот инженер побарал да се продолжи рокот за завршување за две години за да се компензираат изгубените години.

Тој не очекува да се зголеми цената на чинење на делниците и склучување на анекс за тоа. Експропријацијата била завршена.

Според него на трасата од Тетово до Букојчани има неколку предизвици, како голем број водови, оптички врски, далноводи, телефонски и електрични врски, водоводни и канализациони врски, како и главниот канал за наводнување на Полог, па требало да се внимава да не се нарушат овие системи.

Кај трасата од Гостивар до Букојчани имало почист терен, но изведбата според него ќе била посложена бидејќи има планински терен.

Исто така предизвик ќе биде и тоа што од Тетово до Гостивар има голем број општини и населени места кои треба да се поврзат со надвозници, пред да почне да се гради автопатската делница.

Делниците ги гради турско-американскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Што е завршено од делниците Тетово-Гостивар и Гостивар- Букојчни

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести