Од вечерва на полноќ цената на Еуродизелот (Д-Е V) се намалува за четири денари, а цената на бензинот Еуросупер БС-98, за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата цена на дизелот ќе биде 89,50 денари за литар, а на бензинот Еуросупер БС-98, 86,50 денари за литар.
Цената на бензинот Еуросупер БС-95 не се менува и тој понатаму ќе се продава за 85 денари за литар.
За 4,50 денари се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и тоа сега ќе се продава за 94 денари за литар.
Цената на Мазутот М-1 НС, пак, се зголемува за 0,248 денари и сега ќе биде 49,968 денари за килограм.
Фото: Унсплеш














