Меѓу 34. физички лица кои се обвинети за пожарот во т.н. дискотека/кабаре „Пулс“, во кој загинаа 62 лица, а 203 беа повредени се и тројца поранешни градоначалници на Општина Кочани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој сè е обвинет за пожарот во Кочани
Станува збор за Љупчо Папазов од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, кој беше градоначалник до трагедијата, па си поднесе оставка под притисок на јавноста, неговиот претходник, Николчо Илијев, од опозициската СДСМ, кој беше на оваа функција во периодот од 2017 до 2021 година и Ратко Димитровски, исто така од ВМРО-ДПМНЕ, кој беше градоначалник во периодот од 2009 до 2017 година.
Тие според Осовното јавно обвинителство се обвинети бидејќи никогаш не ги известиле Министерството за внатрешни работи и Министерството за економија дека “Пулс“ работи со неправилности и не ги исполнува условите за работа, ниту пак воопшто наредиле надзор и контрола, а примале месечно 2.000 евра на општинската сметка.
Сите бизнисмени
Освен што не работеле по закон, заеднички иминител им е и тоа што сите се и бизнисмени.
Папазов како заеднички имот во својот анкетен лист до Антикорупциската комисија го пријавил друштвото за ограничена одговорност ДОО “Флакда“, а на име на децата друго друштво – ДООЕЛ “Фламинго“.
Илијев е пак приватен стопанственик, основач и управител на текстилната компанија “ИНТ“ од Кочани.
Димитровски е основач на печатницата “Европа 92” во Кочани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Запрена постапката за Панчо од ДНК за пожарот во Кочани
Кои поранешни министри се обвинети, а кои не за пожарот во Кочани
Фото: Игор Бансколиев