На Самитот на НАТО во Хаг, Холандија, како и што се очекуваше воената Алијанса донесе историска одлука – земјите членки да ги зголемат трошоците за одбрана и безбедност на 5%, наместо актуелниот праг од 2% од бруто-домашниот производ (БДП).
Зад одлуката како што стои во заедничката изјава од Самтитот застанале сите 32 земји членки, меѓу кои и Македонија.
Зголемувањето на прагот е на барање на САД, или поточно на американскиот претседател Доналд Трамп, а истото предвидува 3,5% од овие трошоци да бидат за основните за одбрана, а 1,5% за надградба на патишта, мостови, пристаништа и аеродроми за подобро распоредување на армиите, воспоставување мерки за борба против кибернетички и хибридни напади и подготовка на општествата за идни конфликти.
Македонија веќе издвојува 2,2% од БДП за овие трошоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кратка средба на Трамп со Сиљановска Давкова и Муцунски
(Фото) Сиљановска Давкова на маса со Зеленски на приемот кај кралот и кралицата на Холандија
Денеска во Хаг почнува Самитот на НАТО, кој ја преставува Македонија?
Фото: МО