Од акционерското друштво за управување со воздушниот сообраќај и давање на услуги во воздухопловната навигација – М-НАВ АД Скопје, во државна сопственост, преку Македонската берза информираа за промени во Надзорниот одбор (НО).
Имено, со Одлука на Владата, Милорад Милановиќ, независен член на НО, предложен од синдикална организација, е отповикан од должноста.
За нов независен член на НО е избрана Татјана Бошков, предложена од страна на синдикална организација.
Во НО се и Горан Јандреоски и Бесир Шабани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Милан Кораќ нов извршен директор во М-НАВ
Ријад Алими не е повеќе член на НО на М-НАВ
Фото: М-НАВ














