Во куќа во Велес бил пронајден починат 42-годишен маж.
Како што информираа од Основното јавно обвинителство Кавадарци, неговото тело било пронајдено покриено со земја и предмети во помошни простории, што првично упатува дека смртта е резултат на кривично дело.
Семејството се обидувало неколку дена да го лоцира сега починатиот, кој живеел сам.
Неговото тело е дадено на обдукција.
-Од лице место подигнати се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Се издаваат наредби и насоки за откривање на сторител, велат од таму.