Маж на возраст од 37 години вчера починал по повреди од струен удар.
Станува збор за С.М. од селото Соколарци, кој како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип, се повредил додека извршувал градежни работи на објект кај селските гробишта во Соколарци, Општина Чешиново-Облешево.
Неговото тело е дадено на обдукција.
Фото: Унсплеш