Поранешниот наставник Обрад Стојановиќ (76) е загинатиот во синоќешниот пожар во станот во Тетово.
Како што пренесуваат локалните медиуми, тој 42 години работел како наставник по практична настава во средното текстилно училиште „Ѓоце Стојчевски-Амбарче“.
Тој беше и еден од основачите и прв претседател на Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Маж загина во пожар во стан во Тетово, друго лице е повредено
Неговото тело синоќа беше пронајдено од пожарникарите во станот.
Во пожарот е повреден и неговиот син, М.С. (51), кој се здобил со изгореници при обидот да го изгаси пожарот и да го спаси татко му, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово.
Причините за пожарот засега се непознати.
Фото: Унсплеш












