
Суша во Европа: Македонскиот електроенергетски систем е стабилен и подготвен, велат од Министерството за енергетика
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини континуирано ја следи состојбата во регионот и во Европа, како и домашните хидролошки показатели, информираат од таму. -Според расположливите податоци, состојбата во Македонија е стабилна и во моментов не постојат индикации дека ниските водостои во Европа претставуваат ризик за сигурноста на домашното производство



















