
„ТАВ Македонија“ го укина ограничувањето за бесплатен влез во „Hug & Fly“ на скопскиот аеродром
Во согласност со својата посветеност кон обезбедување најдобро можно искуство за патниците и посетителите, ТАВ Македонија одлучи дека, сè до имплементацијата на потребната придружна инфраструктура, зоната Hug & Fly на Меѓународниот Аеродром Скопје, засега, ќе продолжи да функционира без промени во досегашните услови и правила за користење, информираат од таму.


















