
Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување, утврди ДЗР
Во услови на зголемена изложеност на ризици од катастрофи, особено од шумски пожари, поплави и екстремни временски услови, системот за заштита и спасување не секогаш располага со потребната стратешка, институционална и оперативна подготвеност за ефикасен одговор, утврди Државен завод за ревизија (ДЗР). Со ревизијата се утврдени слабости во стратешкото планирање,


















