Мерко казнет со 5.000 евра за поставување на плочата пред Општина Струга

Поранешниот градоначалник на Општина Струга, Рамиз Мерко, Основниот суд Струга за незаконското поставување на спомен обележје на влезот од зградата на Општината, го казни со парична казна од 5.000 евра.

Според обвинението за случајот со поставувањето на плочата, тој поттикнал етничка омраза и раздор меѓу жителите на Струга, со што сторил кривично дело предвидено во член 27 од Законот за меморијални споменици и спомен-обележја.

Мерко пак во завршните зборови, вчера пред Судот, кажа дека нема никаква врска со поставување на плочата на зградата на Општина Струга, туку дека истата ја поставиле од Здружението на пензионери Албанци. Кажа и дека за плочата дознал од државни инспектори за култура кои ѝ изрекле казна на Општината со забелешка дека ако казната ја плати Општината, ќе бидат ослободени пензионерите и ќе се затвори предметот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште едно обвинение за Рамиз Мерко

Рамиз Мерко ослободен за набавката на луксузното „ауди“, немало докази

Уште една кривична за Мерко

Фото: Мерко/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести