Сопственикот на т.н. дискотека “Пулс“, првообвинетиот Дејан Јованов – Деко, како што најави неодамна неговата одбрана понудил 200 илјади евра гаранција, дека ако излезе од затворски притвор на 3. октомври, нема да избега.
Станува збор за гаранција во недвижен имот.
За понудената гаранција ќе одлучува Основниот кривичен суд Скопје.
Доколку тогаш излезе од притвор, за него најверојатно ќе бидат одредени и дополнителни мерки на претпазливост.
Тој може да излезе од притвор, бидејќи во затвор е една година, што е законски рок колку едно лице може да биде во притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Газдата на „Пулс“ набрзо ќе излезе од притвор
Фото: Телма













