
За осум месеци 34 помалку загинати и 863 помалку настрадани лица во сообраќајни незгоди
Во периодот јануари–август 2025 година во сообраќајни незгоди животот го загубиле 96 лица, додека во истиот период од 2026 година загинале 62 лица, за 34 помалку загинати лица, односно намалување од 35,42%, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи. Истовремено, вкупниот број настрадани лица е намален од 4.731 на 3.868.



















