Српска Алта банка ја презема и Силк Роуд банка?

Додека инвеститорската јавност е во исчекување дали Штаермеркише Шпаркасе Групација од Австрија ќе ја преземе УНИ Банка АД Скопје, неофицијално на повидок е ново прегрупирање на македонскиот банкарски сектор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шпаркасе сака целосно да ја преземе УНИ Банка

Имено како што објави порталот Пари, српската Алта банка АД Белград, мнозинскиот сопственик на македонската Алта банка АД Битола (поранешна Стопанска банка Битола), сака да ја преземе Силк Роуд банка АД Скопје.

Засега нема официјална потврда од двете банки за оваа информација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Давор Мацура, кој е краен сопственик на Алта банка Белград, која е сопственик на Алта банка Битола

Српската банка на македонскиот пазар влезе лани со купувањето на Стопанска банка Битола. Иста е дел од групацијата Алта груп, зад која стои бизнисменот Давор Мацура.

Силк Роуд Банка пак работи од 1993 година, прво како Кредитна банка, во 2000 година стана Алфа банка, а од 2016 година работи под денешното име. Единствен акционер е Silk Road Capital AG од Швајцарија, со 100% сопственичко учество.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српска Алта банка купи нови акции на Алта банка Битола

Која е Алта Гроуп која сака да ја преземе Стопанска банка Битола

Алта банка Битола доби нов Надзорен одбор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести