Заклучно со 22. август, во Македонија се регистрирани вкупно 70 случаи на западно-нилска треска, соопшти Институтот за јавно здравје.
Од регистрираните случаи, а согласно дефиниција на случај, 65 се водат како потврдени, а пет како веројатни.
Според место на живеење на заболените, 63 случаи се од Скопје, бројот на случаи во Велес се зголеми на три, има по еден случај од Куманово, Свети Николе и Кавадарци, а е регистриран и прв случај во Тетово.
Регистрирани се 69 автохтони случаи и еден случај со историја на патување во Грција, но инкубацискиот период покрива и престој во Македонија.
Од регистрираните случаи, 52 или 74,3% се машки, а 18 или 25,7% се женски.
Во однос на возрасната дистрибуција, најголем дел се лица на возраст над 60 години – 57 (81,4%), седум се лица на возраст од 50-59, две лица на возраст од 40-49 години, едно лице на возраст од 30-39, а три лица на возраст од 20-29 години.
Просечната возраст изнесува 66,5 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Преглед на заболени со западно-нилска треска по општини
Зошто сите починати од западно-нилска треска се мажи?
Еден од починатите од западно-нилска треска немал други заболувања
Фото: МЗ














