еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„ТОПСИ триоги триатлон“ – прва триатлонска трка  во Скопје на 9 јуни

Спортскиот триатлонски клуб „Триоги рејсинг“ од Скопје ви го најавува првиот триатлонски натпревар што ќе се одржи на 9 јуни во Скопје – „ТОПСИ триоги триатлон“.

Со техничка поддршка од Македонската триатлон федерација и голема помош на нашиот генерален спонзор Стопанска банка АД – Скопje – првпат во историјата на овој спорт во нашата земја ќе се одржи натпревар од овој вид.

Стартот и целта на натпреварот ќе бидат во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, пливањето ќе се одвива на базенот „Борис Трајковски“, за велосипедскиот сегмент ќе се користи дел од булеварот „Илинден“, а трчањето ќе биде околу Спортскиот центар.

Трката е поддржана и од Делегацијата на ЕУ во земјава.

– Нашата цел е спортските ентузијасти да го пробаат триатлонот, кој во светот се практикува буквално од 5 до 85 години. Нашиот клуб постои речиси три години и една од целите од самиот почеток ни беше да организираме триатлонски натпревар и во нашиот главен град.

Триатлонот е спорт кој е во подем во целиот свет, особено во Европа, па и Скопје заслужува да има ваков настан, кој се надеваме дека ќе прерасне во традиција. За жал, Скопје и околината немаат отворени води во кои би можело да се организира триатлонски натпревар и затоа моравме да го организираме на базен, вели Данчо Ѓорѓијевски, основач на клубот „Триоги рејсинг“ и организатор на настанот.

Повикот за пријавување е отворен до 5 јуни. Засега се пријавени 120-ина учесници од земјава, но и од Бугарија и од Србија. Тие ќе се натпреваруваат во категории според нивната возраст.

Овие трки се дел од Националното триатлон првенство.

Елит/Сениори (1999 и постари): 750 м пливање, 20 км велосипед, 5 км трчање

Јуниори (2000-2003): 750 м пливање, 20 км велосипед, 5 км трчање

Кадети (2004-2006): 375 м пливање, 10 км велосипед, 2,5 км трчање

Деца 2 (2007-2010): 175 м пливање, 4 км велосипед, 1 км трчање

Деца 1 (2011 и помали): 75 м пливање, 2 км велосипед, 0,5 км трчање.

Трката на рекреативци (Age group) (родени 2000 година и постари): 750 м пливање, 20 км велосипед, 5 км трчање, ќе биде од рекреативен карактер.

Клубот „Триоги рејсинг“ од Скопје три години успешно работи со деца на возраст од пет години, но и со возрасни. Повеќе од 50-ина деца и млади амбициозно тренираат и веќе бележат големи домашни, но и меѓународни успеси.

Последен голем успех беше освојувањето осум медали, од кои три златни, на Белградското триатлон првенство што се одржа на 26 мај на Ада Циганлија. Во повеќе категории триатлонците од овој клуб доминираа над домаќинот.

Корисни линкови: www.topsi.mk/www.facebook.com/events.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Традиционална крводарителска акција на Рамсторе

Редакција

Сонот на гејмерите, лесно може да стане јаве!

Редакција

Излезе од печат поетската книга „Процвет” на поетесата Цветанка Невчева

Редакција